„Зависник од интернет“
(Израел, САД/2013/79’)
Сценарио: Shosh Shlam, Hilla Medalia
Режија: Shosh Shlam, Hilla Medalia
Снимател: Sun Shaogang
Монтажа: Enat Sidi
Тон: Aviv Aldema, Zhe Li
Музика: Ran Bagno
Продукција: kNow Productions, Shlam Productions
Кина е првата земја во светот која ја прогласи „зависноста од интернет“ за клиничко нарушување. Со цел да се справат со она што наликува на најголемата општествена криза на денешницата, кинеските власти отвораат установи за детоксикација и лекување на зависноста на тинејџерите од водењето на живот онлајн. Преку неконвенционалните психолошки сесии, каде што момчињата постепено споделуваат зошто се чувствуваат поповрзани со разните гласови во сајбер-просторот отколку со семејството, филмот нуди искрен, промислен и непријатен портрет на општество во движење и на младина изгубена во технологијата, на работ на бездната отаде непознатата иднина. Филмот ни го прикажува современиот кинески живот во мало, посматрајќи ги меѓугенерацискиот притисок и симптомите на таканареченото „доба на интернетот“.
По филмот следи муабет со нашиот гејминг џанки Гораст Цветковски – GG.MK