Под земја полесно се дише 7 / It’s Easier To Breathe Underground 7

Под земја полесно се дише 7 / It’s Easier To Breathe Underground 7

  • Posted on: December 18, 2019

Остануваме со неволјата! Единствениот начин на кој знаеме да го правиме тоа е преку славење на истата. Уметнички тероризам и заедничко организирање и делување.

“Под земја полесно се дише” е фестивал на бистриот (воз)дух и чистата прегледност. На 28 декември, во екстремофилични услови, по 7-ми пат создаваме прибежиште во гаражите под Плочник. Ве повикуваме на согледување, утврдување и проигрување со културите и политичките сили кои го обликуваат нашето секојдневие.

Оваа година подземната сцена ќе биде окупирaна и преокупирана со:

Музичка програма

Mnemonic45 (Битола)

Соло проект на Гоце Глигуровски, патувач и истражувач на звукот. Хипнотички ambient drone кој го спојува звукот на бесконечното со трепетот на тишината.

https://mnemonic45.bandcamp.com/

ГАРГАРА (Скопје)

Промоција на збирка раскази ”ГАРГАРА”: За месијанските комплекси, борбата против Исус и други душевно-физички растројства. Автори: Б. Д. (Respiratory Arrest), Н. И. (Kamikaze), Б. К. (Psychosis), Б. Ј. (Attention Deficit).

JAKKU (Париз, Франција)

Adrien Moniet е една половина од француското електронско дуо JAKKU. Музика за танц која гравитира на мрачната страна, од длабоко downtempo до племенско техно. Гаражите знаат најдобро.

https://soundcloud.com/daerinmusic/tracks
https://soundcloud.com/jakku-909/mon-voisin-totoraw

Ликовна програма

Ана Јовановска
Бранкица Јордановска
Виктор Темелковски
Владимир Здравевски
Дарко Алексовски
Драгана Пендовска
Елена Чемерска
Ема Велковска и Марија Смилевска
Ертунч Сали
Зелената Арка
Ирена Милојовска, Христина Секуловска и Ива Јованова
Јасмина Главинчевска
Клелија Живковиќ
КС – 750
Сања Симоска
Партизанска Штампа

Се гледаме!