Под земја полесно се дише 5 / It’s Easier To Breathe Underground 5

Под земја полесно се дише 5 / It’s Easier To Breathe Underground 5

  • Posted on: December 25, 2017

Под земја полесно се дише 5

Алтернатива за подобро, здравје!
Мултимедијалниот фестивал Под земја полесно се дише по петти пат во Скопје!

Иако прогласен за најзагаден град во Европа, Скопје останува еден и единствен избор за реализација на овогодинешниот фестивал. Мултимедијалниот фестивал Под земја полесно се дише Ви нуди незаборавна вечер и богат репертоар на културно инхалирање свежа продукција од областа на визуелните и музичките уметности од земјава и странство!

Музичката програма, традицонално составена од нови и неизбежни музички остварувања од земјава и регионот, Ви ја нуди несекојдневната можност да се запознаете со следните бендови:

КОНВОЈ БОНТОН БАЈКЕРА (Белград)
Користат дисторзија исклучиво на “саксофон“ пресетот на клавијатурата. Свират синтетички панк-рок и урлаат за љубовта / омразата помеѓу камионџиите, бајкерите, полицајците, хипиците, одбегнатите средношколки автостоперки и сите останати пробисветови на друмот. На ден на концертот излегува синглот ‘tužićutemami’, најава за нивниот втор албум кој треба да излезе во јануари.

https://spielzeugmuzak.bandcamp.com/album/dve-konjske-snage

 

TRANSHUNTER (Скопје)
Јуначки автоматизиран премост на далечни не хумани состојби и нивно ковање во алхемијски оружја на спасение (за некои).

https://fuckyogarecords.bandcamp.com/album/s-t-2

 

СВЕТЛОСТ (Скопје)
Амбиент-џез трио составено од Нинослав Спировски (кларинет / саксофон), Кристијан Новковски (удиралки) и Дени Омерагиќ (бас / синтесајзер / електроника). Во моментов работат на своето дебитантско ЛП, кое ќе содржи три долги композиции во кои се вклопени стилови како слободен џез, пост-панк, амбиентална и електро-акустична музика.

За прв, еден и единствен пат во Скопје, евентуално втор, Мултимедијалниот фестивал Под земја полесно се дише 5, Ви го претставува спектаклот Шутофонија во изведба на таканаречениот Кула Колектив. Станува збор за проект кој ги брише границите помеѓу двете главни категории на фестивлот, музичката и ликовната продукција.

Кино Ходник е новитет во програмата на фестивалот, простор посветен на аудиовизуелните медиуми каде ќе бидат проектирани експериментални видеа, анимации, краткометражни филмови и сл.

Скопје во соработка со Под земја, на 23-ти декември, Сабота, со почеток во 20 часот, Ви ја нуди ексклузивната можност да ја проследите изложбата на најновите достигнувања на следните автори:

Александра Ацеска
Александар Ордев
Ангела Савевска
Амир Карахасан
Барски Брача (Филип Велковски, Марко Јанев, Филип Илиески и Бобан Доцевски)
Бисера Крцковска
Викторија Митева
Владимир Лукаш
Владимир Здравевски
Вук Митевски
Данкан Гибс
Доротеј Нешковски
Ертунч Сали
Иван Трајчев
Иван Шапков
Ивана Мирчевска
Ивана Самандова
Јасмина Главинче
Лина Дамјан
Маја Стојковска
Марион Балак
Марко Вилиќ
Марико Хори
Наташа Неделкова
Ненад Тонкин
Никола Радуловиќ
Пале Јовановска
Раде Набаков
Самир Карахасан
Сандра Јовановска
Сања Симоска

Во соработка со уметничката во резиденција Кан Серат, годинава двајца уметници учествуваат на изложбената: Марион Балак и Данкан Гибс.

Ве очекуваме!

EN /—————————————————–————————–———

It’s Easier To Breathe Underground 5

Alternative for better health!
The multimedia festival ‘It’s Easier To Breathe Underground’ for the fifth time in Skopje!

Even though it’s deemed the most polluted city in Europe, Skopje is the only choice for the realization of this year’s festival. The multimedia festival ‘It’s Easier To Breathe Underground’ offers you an unforgettable night with rich repertoire for cultural inhalation of the fresh visual and music production from the country and abroad!

The music programme, traditionally compound of new and inevitable musical achievements from the country and region, offers the extraordinary opportunity to introduce You to the following bands:

KONVOJ BONTON BAJKERA (Belgrade)
They use distortion exclusively on the ’Saxophone’ NESTO on the keyboard. They play synthetic punk-rock and holler about love / the hate among the truck drivers, the bikers, the policemen, the hippies, the runaway high school hitchhikers and all the others scoundrels on the road. The new single ‘tužićutemami’, announcing their second album coming out in January, will be released on the day of the festival.

https://spielzeugmuzak.bandcamp.com/album/dve-konjske-snage

 

TRANSHUNTER (Skopje)
A heroically automated bridging of distant inhuman states and their forging into alchemic weapons of salvation (for some).

https://fuckyogarecords.bandcamp.com/album/s-t-2

 

SVETLOST (Skopje)
Ambiental jazz trio consisted of Ninoslav Spirovski (clarinet / saxophone), Kristijan Novkovski (percussion) and Deni Omeragikj (bass guitar / synths / electronics). Currently working on their debut LP, containing three long compositions incorporating various styles like free jazz, post-punk, ambient and electro-acoustic music.

For the first and only time in Skopje, eventually second, the Multimedial festival ‘It’s Easier To Breathe Underground 5’ is featuring the so-called Kula Collective with their musical spectacle ’Shutophony’. The project is about breaking the barriers between the two main categories of the festival, the music art and fine art production.

‘Cinema corridor’, a novelty in the festival’s programme, is a space dedicated to the audio-visual mediums where experimental videos, animations and short films will be projected.

Skopje in cooperation with the festival, on Saturday the 23rd of December, starting in 8 o’clock PM, offers You the exclusive opportunity to witness the exhibition of the following artist’s most recent achievements:

Aleksandra Aceska
Aleksandar Ordev
Angela Savevska
Amir Karahasan
Barski Bracha (Filip Velkovski, Marko Janev, Filip Ilievski and Boban Docevski)
Bisera Krckovska
Viktorija Miteva
Vladimir Lukash
Vladimir Zdravevski
Duncan Gibbs
Dorotej Neshkovski
Ertunc Sali
Ivan Trajchev
Ivan Shapkov
Ivana Mirchevska
Ivana Samandova
Jasmina Glavinche
Lina Damjan
Maja Stojkovska
Marion Balac
Marko Vilikj
Mariko Hori
Natasha Nedelkova
Nenad Tonkin
Nikola Radulovikj
Pale Jovanovska
Rade Nabakov
Samir Karahasan
Sandra Jovanovska
Sanja Simoska
Vuk Mitevski

In collaboration with the Artist in Residency Can Serrat, this year two artist are taking part of the exhibition program: Marion Balac and Duncan Gibbs.

We’ll be expecting you!