Како класа 13 во 2015-та ја одигра Животинска Фарма од Џорџ Орвел

Како класа 13 во 2015-та ја одигра Животинска Фарма од Џорџ Орвел

Претставата чиј наслов гласи „Како класа 13 во 2015 ја одигра Животинска фарма на Џорџ Орвел“ е моќна критика на едно тоталитаристичко општество. Како основа за драматизација е употребен романот „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел издаден во 1945 година, непосредно по Втората светска војна.

Главните ликови во романот се животни, чија сличност со конкретни политички ентитети е неизбежно конгурентна. Во претставата играат Бужаров Виктор, Ѓорѓиевски Ристе, Јанковска Матеа, Јовановиќ Жарко, Климоска Сара, Михајловски Хари, Набаков Дарко, Наковски Никола, Петровски Стефан, Поповиќ Долорес, Ристески Никола, Ристоска Тамара и Трпковска Мирјана.

Во пресрет на формата на самата претстава, предвидено е таа да се игра на алтернативни локации, чија сценографија беше специјално изработена за потребите на мобилност на реквизитите.