Comasummer, Black Swells & KNNT

Comasummer, Black Swells & KNNT

  • Posted on: February 19, 2016

Во соработка со БОИЛИНГ ПОИНТ,
КУЛА ви ги претставува

Комасамер, Блек Свелс и КННТ во културниот центар Кула.

Гордо ви ги најавуваме трите концерти под звучната палета, на психоделичниот, гаражен панк-рок жанр. Особено сме задоволни што за прв пат во Македонија носиме два одлични музички состави-Комасамер и Блек Свелс, чиј звук е под силно влијание на The Velvet Underground, The Warlocks, Jesus And Mary Chain, A Place To Bury Strangers, Joy Division, Thee Oh Sees и сл. Како локална подршка за нашите гости ќе имате прилика да го чуете прочуеното музичко дуо-КННТ.

Комасаммер и Блек Свелс се новооформени бендови кои за кратко време успеваат да ја освојат бугарската андерграунд сцена. Двата бенда творат под мошне сличен жанр на музика, а меѓудругото тие делат исти членови во двата различни состави.

КННТ се познати по ритмичниот електро-панк звук, кој се преплетува со психоделичната клавијатура. Веќе мошне добро етаблирани на македонската сцена, ќе имате прилика да ги погледнете повторно ќе ги затресат ѕидовите на Кула. К.Н.НТ. издадено еден албум насловен „Нежно“, под издавачката куќа Шарла.

Комасаммер

https://www.facebook.com/comasummer/

Блек Свелс

https://www.facebook.com/The-Black-Swells-747462328647589/

КННТ

https://www.facebook.com/KNNT-199885076739763/
https://knnt.bandcamp.com/

Линк за настанот во Куманово:
https://www.facebook.com/events/1121258667914630/