Astray & B.ATL

Astray & B.ATL

На наше големо задоволство, ви го најавуваме вториот Кулашки настан во 2016 година! Станува збор за грчкиот бенд Астреј и скопскиот музичар и ди-џеј Б.Атл. Ве покануваме на едно необично стонерска доживување, каде ќе ги споиме експерименталната електронска музика и хеви рок музичкиот жанр.

Астреј е грчки рок-бенд, кој се формира во 2007 год. во Солун. Во 2013 год. го издаваат своето прво ЕП издание и во 2016-та год. прават мини-турнеја низ балканските земји, меѓу кои е вклучена и Македонија. Нивниот музички звук е под влијание на музиката на Cathedral, Orange Goblin, Kyuss, Black Sabbath, итн.

Б.Атл е скопски ди-џеј познат по неговите експериментални музички вечери во Ла Кања. Напоредно со неговиот ди-џеј активизам тој создава авторска музика под истиот псевдоним. Б.Атл ќе ни ја отвори вечерта