Работилница за шиење

Работилница за шиење

Отворен повик за работилница за креативна употреба на шивачката техника

Културниот центар „Кула“ отвора повик за учество на работилница за креативна употреба на шивачката техника. Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе кои сакаат да дознаат повеќе за модерната имплементација на овој стар занает.

Датум: 14 – 16 март 2015

Време: 12 – 18 часот

Место: Културен центар „Кула“

Ментори: Бранкица Јордановска, Тамара Иванова

Број на учесници: 20

Котизација: /

Рок за пријавување: 10 март 2015

Опис на работилницата

Целта на работилницата е да соедни млади и креативни луѓе и да им овозможи учење на основните техники во областа на шиење, плетење, кроење и декорирање. Производите кои ќе се изработуваат ќе бидат предмети од типот на: торби, ранци, навлаки за мобилни телефони, корици за скеч-букс итн. По завршувањето на третиот ден од работилницата, следува изложба на изработените производи.

Работилницата е подржана и финансирана од Холандската Амбасада во Скопје.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање на пополнета апликација заедно со кратка мотивациона изјава (до 50 зборови) на workshop@ku-la.org најдоцна до 10 март 2015 година. За учество во работилницата не е потребно предходно искуство во оваа област.

Бројот на учесници за работилницата е ограничен на 20 (дваесет).

Повеќе информации можете да добиете на workshop@ku-la.org или на 071 245 105 – Маја Стојковска