Работилница за Readymade

Работилница за Readymade

  • Posted on: July 12, 2015

Отворен повик за работилница за ready-made

Културниот центар „Кула“ во соработка со фестивалот „Дримon“, го отвара повикот за работилница за ready-made. Работилницата ќе се одржи во Струга, во рамки на фестивалот Дримon од 22-24 јули. Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе кои веќе имаат познавања или би сакале да се запознаат со ready-made методот на творење.

Датум: 22-24 јули
Време: 13 – 18 часот
Место: Ц.К. „Браќа Миладиновци“ Летна Сцена/ Струга
Ментори: Сандра Јовановскa, Маја Стојковска, Сања Симоска, Иван Трајчев, Марко Јанев, Филип Велкоски.
Број на учесници: 20
Партиципација: /
Рок за пријавување:
19 јули 2015

Опис на работилницата

Учесниците на оваа работилница ќе имаат прилика да се запознаат со основите на концептот ready-made и да творат во духот на неговото поимање. Предметите кои ќе се изработуваат во текот на истата ќе бидат накит, скулптури и неконвенционални инструменти од рециклиран отпад. Главната цел на работилницата е да вмрежи млади луѓе кои се заинтересирани за алтернативните начини на употреба на секојдневните предмети.

Откако учесниците ќе го проследат воведното предавање за ready-made, ќе се постават работни групи во однос на материјалите и предметите на изработка. По завршувањето на работилницата предвидена е изложба од изработениот накит и скулптури и концерт со создадените инструменти.

Работилницата е подржана и финансирана од Холандската Амбасада во Скопје.

Аплицирање

Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање на пополнета апликација и кратка мотивациона изјава на workshop@ku-la.org најдоцна до 19 јули.

За учество во работилницата не е потребно предходно искуство во оваа област.

Бројот на учесници за работилницата е ограничен на 20 (дваесет).

Повеќе информации можете да добиете на workshop@ku-la.org или на
071 245 105 – Маја Стојковска