Работилница за Land Art

Работилница за Land Art

  • Posted on: June 2, 2015

Повик за учество на работилница за Land Art

Културниот центар Кула отвара повик за учество на работилница за Land Art. За потребите на оваа работилница Кула накратко ќе се пресели на падините на Китка. Повикот е отворен за сите заинтересирани кои би сакале својата креативност да ја изразат во природа.

Датум: 11 јуни (четврток) 18- 20 часот презентација за работилницата во Кула
13-14 јуни (сабота, недела) с. Мала Река (Китка)
Место: Кула, с. Мала Река (Китка)
Ментори: Марко Јанев, Филип Велковски, Никола Анѓеловски
Број на учесници: 20
Партиципација: /
Рок за пријавување: 9 јуни 2015

Што е Land Art?

Land art (earth art, environmental art) е правец во уметноста кој се разивива како реакција против искомерцијализираната институционлана уметност во шеесеттите и седумдесеттите години во САД. За создавање на Land Art, специфично е тоа што уметниците ги користат природните материјали ( земја, камен, дрво, лисја…) кои се наоѓаат во околината каде и ги креираат и поставуваат самите дела. Целта на оваа уметност создавањe симбиоза помеѓу делото и природата.

Опис за работилницата

На 11 јуни (четврток) од 18 часот задолжително е сите селектирани учесници да ја проследат презентацијата за Land Art во Кула, но воедно и да се запознаат со програмата на работилницата, како и со останатите учесници и менторите на работилницата.

Работилницата ќе се одржи од 13-14 јуни во с. Мала Река (Китка). Локациите каде што ќе се одвиваат активностите за време на работилницата се во селото и неговата околина, додека кампот каде што ќе престојуваат учесниците ќе биде сместен во дворот на „вилата на дедо Боро“.

По завршувањето на работилницата во КУЛА ќе се одржи изложба со фотографии и видеа со делата создадени за време на работилницата.

Работилницата е подржана и финансирана од Холандската амбасада во Скопје.

Аплицирање

Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање на пополнета апликација, заедно со кратко CV и мотивационо писмо на workshop@ku-la.org најдоцна до 9 јуни 2015.

Бројот на учесници е ограничен на 20 (дваесет).

Повеќе информации можете да добиете на workshop@ku-la.org или на

071 245-105 Маја Стојковска
071 711-558 Филип Велковски