Прв роденден на Кула!

Прв роденден на Кула!

Кула ко Кула, отворена и дружељубива, по малку хаотична и расфрлана, слави 1 година од своето постоење, 1 година алтернативна свест концентрирана во 50 метри квадратни.

Го слави младиот независен дух кој дрско се воздига над овоземните нискобуџетни умови.
Кула се заблагодарува на сета ваша поддршка и ве кани на нејзиниот прв роденден на кој ќе бидат изложени плакати, фотографии и видеа од сите настани, ве кани на торта и добра музика.