Промоција на “Mnemonic45 – Live at Radio Kanal 103“

Промоција на “Mnemonic45 – Live at Radio Kanal 103“

Слушачка промоција на “Mnemonic45 – Live at Radio Kanal 103“

Вторник, 10 јуни, 21 часот.

Материјалот кој се наоѓа на изданието е снимен во живо на Канал 103, во емисијата „Ако никој не свири…“ на 20 октомври минатата година. Албумот е издаден самостојно, во CD-r формат и е во ограничена количина од 50 рачно изработени примероци, секое со уникатна фотографија и дизајн. На фотографиите се наоѓаат дел од локациите на кои е снимен звучниот материјал во својата изворна форма.

Албумот ќе биде достапен по промотивна цена.

http://mnemonic45.bandcamp.com/

Зад проектот Mnemonic45 стои Гоце Глигуровски кој живее и твори во Битола. Своите први музички истражувања ги започнува пред 10 години и досега има акумулирано сериозен багаж на музичко знаење. Создава префинета амбиентална електронска музика, која се темели на неговите постојани истражувања на звуците на природата и експериментирањето со истите во дигитален контекст.

11 јуни: Mnemonic45 – Концерт во Планетариум
https://www.facebook.com/events/801765436502863/