МакеДокс матине во Кула

МакеДокс матине во Кула

Сакате да видите каде се наоѓа најголемото царство на отпадот и кои се неговите благородници? Како од отпадот можат да настанат преубави уметнички дела? И како тоа го прави една група на самопрогласени собирачи на рециклирани материјали заедно со реномираниот фотограф Вик Муниз на најголемата светска депонија во Рио де Жанерио?

Дојдете на повеќепати наградуваниот филм „Депонија“ (Wasteland), документарец кој зборува за рециклирањето, но е и нешто повеќе од обичен еколошки филм.

Она што за некого е ѓубре, за друг е уметност.
Профитирајте и вие од вашето ѓубре околу топлиот оган во дворот на Кула каде што по проекцијата ќе организираме еден вид на „размена на отпад”. Доволно е да земете еден предмет од вашата „домашна депонија” на пример, облека, книги или стари предмети и ние ќе се погрижиме во негова замена да добиете нов предмет со кој ќе го обогатите вашето заминување.

Не заборавајте, недела 18 часот во Кула, ги (раз)менува работите.