Изложба на дела направени од работилницата за шиење во Кула

Изложба на дела направени од работилницата за шиење во Кула

Културниот центар „Кула“ организира изложба на учесниците од работилницата за креативна употреба на шивачката техника. Со оглед на големата заинтересираност и посетеност на работилницата од страна на учесниците, овој прв проект на „Кула“ успеа да ја оствари својата цел во соединување и вмрежување на креативни млади луѓе.

Учесниците на работилницата се:

Андреа Велинова
Ангела Велинова
Долорес Соколова
Калина Алтанџиева
Елена Гелева
Теодора Ваклинска
Ангелина Шулевска
Соња Јанковиќ
Деа Беатовиќ
Анастасија Петковска
Тамара Петковска
Магда Ориѓанска
Марина Савеска
Мила Спасовска
Маја Нацевска
Ана Симонова
Добрица Пехливанова
Марија Треневска
Лина Димитровска
Даниела Велкоска
Андријана Папиќ-Манчева
Даниела Јамандиловска

Ментори на работилницата се:

Бранкица Јордановска
Тамара Иванова
Мирјана Веселиновиќ

Самиот простор на „Кула“ изобилува од креативна енергија и е одлично место за споделување на креативни содржини. Менторите и координаторите на работилницата се мошне задоволни што можат да потврдат дека работилницата беше успешна и продуктивна. Учеството на групата млади луѓе придонесе со интензивна наклонетост кон шиењето, а консенвентно се манифестираше максимална прецизност и перфекционизам во изработувањето на производите. Имено предметите кои ќе се изложат ќе бидат во главно дела од типот на: ранци, торби, навлаки за перници и мобилни телефони, несесери и слично.

Ве покануваме да ја проследите изложбата на делата од првата работилница за шиење на овие креативни млади луѓе. Да го поддржиме трудот на новиот бран дизајнери во вторник, со почеток во 20 часот, во културниот центар „Кула“.