Изложба на Славчо Максимовски

Изложба на Славчо Максимовски

Славчо Максимовски

Роден 1988 година во Скопје.
-Средно училиште за применета уметност ,,Лазар Личеноски,,-Скопје
-Дипломиран графичар при Државниот универзитет –Тетово на ,,Факултетот за Хумани науки и Уметност,, во класата на проф. Нафи Јашари 2012год.

Самостојни изложби:

2013*Музеј на стар крај –Тетово ( Денови на европско културно наследство)
2014 *Центар за култура –Пробиштип

Групни изложби:

2012* Дом на култура –Тетово
2012* Здружение на уметници ,,Седеф,, -Тетово
2013* Уметничка галерија –Тетово

Сценографија

,,Роденден на балерината,, – Балетско студио ,,Менада,,-Тетово
,,Училиште,, – Балетско студио ,,Менада,, -Тетово
Цртежи (Графичка обработка)

Conquering Lion – Fire ( Видео)

Како член во Драмската и иметничката секција на Здружението за култура и уметност ,,Иљо Антески –Смок –Тетово

2013* ,,Приказната за големиот господар,,
2014* ,,Смрт на еден човек на балканот,,
2014* ,,Биолошки динамит,,
,,Лицата во пределот на пеколот и раојот,,
Човечкиот поглед е почеток на сечие постоење.Овозможува откривање и спознавање на се што не опкружува а очите како најчувствителен орган на човекот се тие кои преку погледот кажуваат многу,зборуваат за животни приказни иако без глас но нивната тишина може да биде и премногу гласна, а нивниот нем вресок е доволен сведок. А јас само сакам да ја доловам својата приказна, да го запишам и нацртам односно насликам своето време, на начин на кој јас го чувствувам и гледам сето она што допира до мојот поглед, па и подалеку од тоа, од некоја своја точка и гледиште кое е само мое,надреално, илузионистичко, експресивно, но највеќе реално. Се дрзнувам да влезам во таа бездна на хоризонтот и лавиринтот во кој не се знае каде е излезот, и дали воопшто тој постои?Сакам сето ова да го поврзам со реалниот поглед на сегашноста во овие жолти,сиви,црни,бели,розови минути, денови,години.
И затоа портретите се можеби слични но ни најмалку исти бидејќи секој во себе си носи своја порака на сопствената психолошка моментна стварност како доказ за еден одреден период.
Со внатрешен порив на бунтовник и хедонист преку ликовите сакам да ја изразам својата мака, револт, бунт, бес, но и задоволството бидејќи низ нив се крие и убавина, среќа, и пред се надеж за посветол ден.
Низ испреплетувањето на фаци со силен вресок и јазик до крајност спружен во знак дека гори желбата за револуција а револуцијата е мајка на промената на систематското раководење во целина, и нежно плукање на општевството со симболика на полжавот со својата лигава течност, па низ лик што бескрајно набљудува,гледа со грозен молк и немост во својата закоравеност, сепак низ својата затворена уста прелетуваат бесконечности преточени во загатки за да ги фатите силно и да ги голтнете длабоко колку што можете повеќе и без милост да ги изџвакате со сите можни виуги.Па се до поглед со скриена солза кој го чека својот крај за да почне од почеток,и да патува некаде таму далеку, но ужива во својата недовршеност знаејќи дека тоа ќе избледе.Силно е неговото битие иако е попречено со темна страст, со прикриена насмевка ве прогонува без да се предаде,само со чистина, бидејќи не постои зло во него.