Инклузивни простори за социјализација и рекреација на отворено

Инклузивни простори за социјализација и рекреација на отворено

Коалицијата за одржлив развој (КОР) и Културниот центар Ку Ла ве покануваат на изложба на која ќе биде презентирана работилницата: Практики за уредување на градот: Инклузивни простори за социјализација и рекреација на отворено.
Ќе бидат изложени постери на кои ќе биде прикажана работата на учесниците во работилницата, ќе се проектираат видео материјали од самата работа и ќе може да се проба една од практичните вежби.

Ве очекуваме во среда, во 20:00 во Ку Ла.