Guili Guili Goulag

Guili Guili Goulag

  • Posted on: September 23, 2015

Културниот центар Кула продолжува да носи новости од широката палета на музичкиот експериментален жанр. Овојпат нудиме концерт налик на вуду литургија, со примеси на култ од фетиши на непознат јазик… Или како што самото име асоцира, овој бенд ќе ве заскокотка до мера на хистерија. Гили Гили Гулаг.

Гили Гили Гулаг (Guili Guili Goulag) се експериментален белгиски рок бенд под влијание на африканска музика, краутрок, дум, панк… и многу други работи. Карактеристични се по звучната харфа, длабокиот бас и племенските перкусии. Нивниот перформанс може да се опише како бучна танцувачка точка со моменти на импровизација. Од неодамна Гили Гили Гулаг го издаваат својот прв албум, под издание на четири издавачки куќи Mon cul c’est du Tofu, Rockeril Records, Cheap Satanism and Attila Tralala. Во моментов бендот работи интензивно на новиот материјал кој ќе биде издаден до крајот на годината (2015).

Guili Guili Goulag is a weird XP rock band influenced by African music, Kraut Rock, doom, punk … and a lot of other things. It is characteristic for its noisy harp, groovy bass, and tribal drum. Their performances can be described as a danceable noisy act with improvised moments. Guili Guili Goulag has recently released their first record. Four labels are involved in this release (Mon cul c’est du Tofu, Rockeril Records, Cheap Satanism and Attila Tralala). The band is also currently composing new material which will be released by the end of the year (2015).

http://www.guiliguiligoulag.com/