Епизода 1: I am a camera… / Марко Гутиќ Мижимаков

Епизода 1: I am a camera… / Марко Гутиќ Мижимаков

I am a camera with its shutter open, quite passive, recording, not thinking. Recording … Some day, all this will have to be developed, carefully printed, fixed.

Користејќи се со изговорениот збор и двојазичност, сликовни ономатопеи, колаж и движење, во просторите на КуЛа, ги истражуваме можностите и конвенциите на таканаречената екранизација, односно, на преведувањето на содржината во филмски медиум преку жива изведба (live action).

Како темел се користиме со недовршено и фрагментирано сценарио наменето и организирано за стрип. Самото сценарио, делумно представува реапроприација на текстот Goodbye to Berlin („Збогум Белрин“) на Кристофер Ишервуд кој пак е во неоделив однос со бродвејскиот мјузикл на Џон Кандер и Фред Еб, Кабаре, инспириран од истиот текст. Притоа наративот е изместен и преселен во Скопје, па така свесно се бави со меморијата, локациите и ситуациите складно на дадениот контекст.

Учествуваат Марко Гутиќ Мижимаков, Амир Карахасан, Ивана Мирчевска и Наташа Неделкова.

Марко Гутиќ Мижимаков (1992) е студент на одделот за анимиран филм и нови медиуми на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Живее на релација Загреб – Скопје. Во својата досегашна пракса, најчесто си игра со демистифицирање и реконструкција на наративи. Имајќи го во предвид претходното искуство на отфрлување на фикцијата (уметниците во 60тите и 70тите) и истражувањето на наметнатите улоги кога „реалноста“ е заситена и одземена од страна на „другиот“ (reality TV, talk-shows, social networks итн.), фикцијата представува сосема плодно тло за населување.