Отфрлајќи ги стигматизирачките идеи околу психичките болести и нивното континуирано маргинализирање, проектот има за цел активно да ги исцрта потребите на луѓето кои живеат со оваа дијагноза, да ги сподели нивните приказни и да ни помогне да изградиме поинклузивно општество.
Фокусирајќи се на маргинизираните граѓани кои живеат со шизофренија, проектот ја истражува идејата на заедништво и солидарност која може да произлезе доколку гледаме на оваа болест не како инвалидизирачка, туку како отпор кон нормативното и можност за генерирање на нови субјективитети.