Работилница за сито печат

Работилница за сито печат

Отворен повик за работилница за сито печат

Културниот центар „Кула“, го објавува вториот повик од серијата работилници кои ќе остварат до крајот на годината. Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе кои веќе имаат познавања или би сакале да се запознаат со техниките на сито печат.

Датум: 22-26 април

Време: 12 – 18 часот

Место: Културен центар „Кула“

Ментори: Самир Карахасан, Стефан Николовски и Ертунч Сали

Број на учесници: 20

Партиципација: /

Рок за пријавување: 19 април 2015

Опис на работилницата

Учесниците на оваа работилница ќе имаат прилика да се запознаат со техниката на сито печат, со начинот на кој таа може широко да се примени, и истовремено ќе се посветат на печатење на сопствен дизајн. Откако ќе се совладаат основните техники на сито печатење, дизајнот на кој ќе се работи ќе се аплицира на хартија и маици.

Поради потребата од индивидуално печатење, учесниците ќе бидат поделени на две групи, од кои со првата ќе се работи на 23 и 24 април, а втората ќе печати од 25 до 26 април. Ден пред да започне работлницата, на 22 април од 17 часот, задолжително е двете групи да проследат предавање за сито печат и меѓусебно да се запознаат. По завршувањето на работилницата, на 27 април ќе следува изложба на изработените дизајни.

Работилницата е подржана и финансирана од Холандската Амбасада во Скопје.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање на пополнета апликација заедно со сопствен монохроматски дизајн на кој би сакале да работат и краток опис на делото на workshop@ku-la.org најдоцна до 19 април. Не е неопходно дизајнот да биде завршен, доволно е да ја отсликува почетната идеја на учесникот (може да се работи за цртеж, скица, илустрација итн.), меѓутоа потребно е да биде во А4 дигитален формат за да може да се аплицира на предвидените производи.

За учество во работилницата не е потребно предходно искуство во оваа област.

Бројот на учесници за работилницата е ограничен на 20 (дваесет).

Повеќе информации можете да добиете на workshop@ku-la.org или на

078 639 492 Самир Карахасан

071 245 105 Маја Стојковска