Изложба на фотографии на дела од работилницата за Land art

Изложба на фотографии на дела од работилницата за Land art

Културниот центар „Кула“ организира изложба на дела кои се изработуваа за време на работилницата за Land Art. Производите од работилницата која се одвиваше од 13 до 14 јуни во Китка, ќе можете да ги погледнете на 3 јули (петок) со почеток во 20 часот. Изложбата на делата ќе биде во форма на фотографии и видеа од инсталациите кои се изработија во текот на престојот во Китка.

Ментори на оваа работилница беа Марко Јанев, Филип Векловски и Никола Анѓеловски, а координатор на истата беше Маја Стојковска.

Учесници во работилницата беа: Сања Симоска, Јасмина Трпевска, Љупчо Костовски, Кристијан Крстевски, Христина Гогу, Деа Беатовиќ, Даниела Јамандиловска , Даниела Велкоска, Наташа Пецева, Наташа Неделкова, Амир Карахасан, Илина Поповска, Злата Голабоска, Бобан Доцевски, Марија Николовска, Ана Бахчеванџиева, Јована Ристиќ, Филип Ивановски, Стефан Николовски, Сузана Плачкова, Ивана Мирчевска и Филис Синаноска.