Девојките од Кула @ Прво па женско #3 – Дома

Девојките од Кула @ Прво па женско #3 – Дома

Предмет: „Што е она што го прави домот на Хамилтон толкуразличен, толку привлечен?“. Колективот Кулаовој пат се претставува само со неговата „понежна“ половина, преку интервенирање во галерискиот простор. Целта е да сеистражи можноста да се промени дефиницијата на еденпростор, акцентирајќи ја вклученоста на публикатаво неговото редефинирање.

Големиот број на социјални мрежи на интернет, широко распространетите ТВ спектакли, секојдневниот живот, каде што безброј начини за добивање информации придонесуваат кон креирањето на различни идеологи, ни служат како предмет на истражување во нашата работа, поттикнати од делата на Hélio Oiticica, Thomas Hirschhorn, Keren Cytter, Ryan Trecartin и Lizzie Fitch.