Демекдело – КУЛА @ Скомрахи 2015

Демекдело – КУЛА @ Скомрахи 2015

Обидот да се создаде репрезентација на поимот за дискурсот кој низ историјата бил оневозможуван од различните центри на моќ е и ден денес актуелна тема во нашата непосредна близина.
Скомрахи, кои на улиците го пронашле театарот, перформансот и новите практики кои ја вклучуваат директната комуникација со публиката, понекогаш и во огромен број кој опфаќал стотоци учесници, маскирани со шапки од волна и кал, гласно ги рушеле стандардизираните норми на нормалното, убавото, грдото, возвишеното итн.
Кула реши да создаде мобилна инсталација со перфомативен карактер, чија цел е да се прошета низ градот, што е можно погласно. Нејзината структура е изградена целосно од ѓубре, одпаден материјал, најчесто метал, алуминиум, тротинет, и тркалца од велосипед.
Во контраст со гласниот барокен шлаг, или шампита (како сакате), Кула се обидува да додаде мали чоколадни трошкички (поради комплексноста да се продуцира јаготка), се со цел да ја охрабри генералната слика. Согласно со современите барања, инсталацијата служи како поттикнувачки аспект кој, покрај суровата логика, вклучува и основно познавање на одредени научни дисциплини (историја, историја на уметност, социологија, филозофија, критичка теорија, градежништво, архитектура, математика итн.) во обидот да се направи разлика помеѓу сликата на инсталацијата и онаа од нејзиното опкружување – центарот на градот Скопје.